
Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа кај кулите „Џевахир“ во скопската населба Аеродром. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.
Очевидци за 24 Инфо изјавија дека возачот, кој наводно бил во алкохолизирана состојба, изгубил контрола врз возилото и предизвикал значителна материјална штета. Според нив, се работи за турски државјанин, а ова е втора сообраќајна несреќа во истиот реон за само една недела.
Граѓаните реагираат дека три од вкупно четири ленти на булеварот се блокирани од непрописно паркирани возила, што значително го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел на Аеродром.
Полицијата е на лице место, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.

