
Поранешниот Формула 1 возач и стјуард на ФИА, Дерек Ворвик смета дека британскиот возач Луис Хамилтон не го покажува тоа што се очекува од него во Ферари.

– Не знам зошто Хамилтон не може да се трка за Ферари. Тоа е мистерија. Во Кина, кога победи на трката во спринт, мислев дека тоа е пресвртница, но тој сè уште не може да се снајде во болидот. Мислам дека сите ја видовме неговата преселба во Ферари како одлична можност да ја освои својата осма светска титула, но тој не може да се навикне во нов тим, на нивниот системи, нивното функционирање. Дали сакам Луис да победува на трки и да се бори за светската титула? Да. Мислам дека го заслужува тоа. Но, тоа нема да се случи оваа година. И мислам дека ако вака продолжи, тој ќе размислува за заминување од Ферари, изјави Ворвик за „GPBlog“.
Луис Хамилтон има 71 поен во пресрет на трката за Големата награда на Канада. Се наоѓа на шестото место во генералниот пласман кај возачите и има 23 поени помалку од тимскиот колега Шарл Леклер.