Skip to main content
Свет

Хамас ослободи уште една заложничка на Израел

30/01/2025  12:27

Палестинската група Хамас денеска ослободи уште една жена, израелски војник во Газа, според договорот за прекин на огнот со Израел, јавува „Анадолија“.

MK Summit

Агам Бергер беше предадена на претставници на меѓународниот Црвен крст во областа Ал-Раза, во бегалскиот камп „Џабалија“, во северниот дел на Газа.

Израелската армија потврди дека ја презела Бергер од Црвениот крст.

Уште двајца израелски затвореници ќе бидат ослободени денеска во замена за 110 палестински затвореници во израелските затвори. Ова е трета размена на затвореници откога стапи во сила договорот за прекин на огнот.