Skip to main content
Свет

Хамас и Израел ги финализираат деталите за спроведувањето на договорот за заложници

15/01/2025  08:40

Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.

MK Summit

Едно од главните прашања што допрва треба да се реши се однесува на прецизните параметри на повлекувањето на израелските сили од Газа, а посредниците се уште чекаат мапа од Израел што ќе ја разјасни таа точка, изјавија арапските власти.

Според нив, договорот се очекува официјално да биде објавен денеска или утре, во форма на заедничка изјава на САД, Катар и Египет, кои посредуваат во преговорите меѓу Израел и Хамас.