
Манчестер сити доживеа катастрофа против Реал Мадрид и рутински беше елиминиран во двомечот за пласман осминафиналето. Реал победи со вкупен резултат 6:3.
Тренерот на Сити накратко го сумираше она што се виде на теренот по натпреварот во Мадрид, во кој со хет-трик блескаше Килијан Мбапе.
„Победи подобриот тим. Немаме ритам каков што има Реал Мадрид, во сите сегменти. Во се беа подобри, имаа поголем посед, подобро се бранеа високо и ниско, беа подобри во трчањето. Честитки за Реал Мадрид, изјави Гвардиола.
Сити продолжува со лошите игри и резултати во последните три месеци и нема да му биде полесно бидејќи викендов ќе го пречекаат Ливерпул.