Skip to main content
Македонија

Гужва на „Богородица“, се чека до 30 минути – еве каква е состојбата на останатите премини

08/08/2025  09:37

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.