Skip to main content
Скопје

Густ чад од автобус број 57 – патниците панично се симнаа кај МНТ (ВИДЕО)

01/09/2025  12:13

Автобус на ЈСП со број 57 се запали утринава во строгиот центар на Скопје, во близина на Македонскиот народен театар.

Густ чад излегуваше од автобусот додека патниците панично брзаа да излезат, плашејќи се тој целосно да не се запали или експлодира.

За среќа нема повредени патници а не знаеме колкава е штетата на автобусот.

Ова не е прв ваков случај, во последните неколку години автобусите на ЈСП често се палат за време на возење.