
Дали некогаш сте се запрашале колку е здраво да се следат разните рестриктивни диети што разни гуруа за здрава исхрана ни ги препорачуваат секој ден?

Пролетта е време кога многу луѓе сакаат да блеснат до летото и да ги изгубат сите килограми што ги добиле во текот на зимата или ги носеле со години и тоа да го направат сега и веднаш.
Веројатно барем еднаш во животот сте се обиделе бргу да ослабите. Дали некогаш сте се запрашале колку е здраво да се следат разните рестриктивни диети што ни ги предлагаат секојдневно разни гуруа за здрава исхрана? Кои се предностите и недостатоците на рестриктивните диети?
Master Clense или диета за детоксикација со лимон, диета за детоксикација на црниот дроб, 12 килограми за 21 ден, болничка диета… Дали ова ви звучи познато?
Екстремите се опасни. Но, како и во сè во животот, така и во исхраната. Неколкудневната диета составена од свежо овошје и зеленчук ќе го наполни вашето тело со антиоксиданти, кои ќе ве заштитат од надворешни влијанија и ќе им направат добро на вашите органи, но неделите течна диета или постењето тешко дека може да му направат добро на вашето тело.
Екстремните диети може да бидат многу фрустрирачки и потенцијално опасни, а најчесто се губење енергија, време и пари ако ги практикувате, додека изгубените килограми лесно се враќаат. Нутриционистите тврдат дека многу рестриктивни диети нема да ви дозволат да ги изгубите мастите што сакате да ги изгубите, туку, напротив, вредните протеини и вода.
На телото му е потребна енергија за нормално функционирање на виталните органи, а ако го лишиме од неа, може да се појават разни здравствени проблеми. Исто така, прекумерното пиење течности може да го наруши деликатниот баланс на електролити во телото, што може да предизвика гастроинтестинални тегоби, вртоглавица, главоболки, замор, раздразливост и дехидрација.
Совет
Бидејќи пролетта носи многу вкусно и здраво овошје и зеленчук, вклучете ги во вашата исхрана и елиминирајте ја целата преработена храна. Слабејте паметно, движете се и постепено намалувајте го внесувањето калории задоволувајќи ги сите потреби на вашето тело за макро- и микронутриенти – вашиот црн дроб, лимфните јазли и цревата ќе ви бидат благодарни. И ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате подобро.