
Изминатиот викенд групна тепачка во скопско Батинци. Физички се пресметувале две групи на граѓани.
– На 30.08.2025 во 10:34 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Батинци, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.С.(50), М.С.(21), С.С.(24), А.С.(25) и М.С.(31) од една страна и Г.М.(24) и Д.М.(20) од друга страна, сите од с.Батинци, а употребени биле и тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.