Skip to main content
Хроника

Групна тепачка пред фитнес клуб во Чаир, две лица со убодни рани пренесени во болница

02/06/2025  14:00

Две лица со убодни рани се пренесени во болница по тепачка што се случила вчера пред фитнес клуб во Чаир.

Според информациите на МВР, вчера во 22 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје.

Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет.

Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош.

Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје и во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека браќата И.А. и А.А. биле нападнати од Б.С. и А.С..

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и на местото е пронајдена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.