Skip to main content
Балкан

(Видео) Група туристи од Србија уништиле изнајмен стан, еве каква казна ги стигна

23/07/2025  17:23

Група туристи од Србија стана вирална на TikTok поради она што го направија за време на престојот на Малта, но наместо популарност, сега имаат голема казна да платат.

Видеото објавено од корисникот@vasicc11, користејќи го популарниот хаштаг и музика Jet2Holidays, има над 3,6 милиони прегледи. На него се гледа група млади мажи кои го претвориле своето изнајмено сместување во импровизирано лизгалиште.

Се испостави дека станува збор за млади Срби кои ја снимиле и објавиле својата „забава“ очекувајќи да станат познати. На видеото се гледа како еден од нив се лизга по подот на стомак, обидувајќи се да ги преврти шишињата на подот, додека другите истовремено му истураат вода.

Во коментарите, сите ги нападнаа момците, велеа дека ќе ги пронајдат, а Алекса, типот што го објави видеото, само се насмеа.

Сепак, интернетот си го направи своето!

Кога луѓето коментираа за ваков вандализам, велеа дека „Малта е мала“ и дека сите се познаваат, па затоа ќе биде лесно да се пронајдат.

„За среќа, Малта е мала и сите се познаваме овде. Законот пристигнува наскоро.“

И не се шегуваа. Авторот на видеото подоцна потврди дека ги пронашол и дека правдата е задоволена.