Skip to main content
Македонија

Груевски е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија, рече Маѓар

13/04/2026  20:42

Петер Маѓар на денешната тричасовна конференција ги спомена поранашениот полски министер за правда, Збигњев Зиобро, неговиот заменик Марчин Романовски, и екс македонскиот премиер Никола Груевски.

Зборувајќи за Зиобро и Романовски Маѓар направи директна паралела со случајот со Груевски.

„Мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ‘Икеа’, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик. Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија. Но и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци. И можам само да им предложам на г-дин Зиобро и г-дин Романовски дека ако немаат што да кријат, тогаш треба да се вратат дома и да застанат пред народот — па тој беше министер за правда, значи мора да го познава полскиот правосуден систем — па треба да си го исчисти името од обвинувањата. И тоа не е моја работа. Значи, ќе најдеме начин, освен ако веќе не заминале, но ако не заминале, ќе ги екстрадираме во Полска“, изјави Маѓар.

Партијата на Маѓар, Тиса вчера забележа убедлива победа на парламентарните избори со што по 16 години владеење досегашниот премиер Виктор Орбан е симнат од власт.