
Во постојана комуникација сме со министерствата за правда од соседните држави и очекуваме истиот (Артан Груби н.з.) во брзо време да биде лишен од слобода или лоциран, по што ќе ги преземеме сите мерки за екстрадиција во Република Македонија. Тоа во разговор за Гласот на Америка го истакна Ален Деребан, заменик министер за правда.
Глас на Америка: Каде се наоѓа поранешниот прв Вицепремиер Артан Груби, кој е во бегство, и дали имате добиено некаква информација после распишувањето на меѓународната потерница, каде можеби се наоѓа тој?
После распишување на меѓународната потерница за него, немаме добиено повратен одговор и поради тоа не можам точно да кажам, каде тој се наоѓа во моментов. Иако, како Министерство за правда, сме во постојана комуникација со Министерствата за правда од соседните држави и очекуваме истиот во брзо време да биде лишен од слобода или лоциран, по што ќе ги преземеме сите мерки за екстрадиција во Република Македонија и соочување со правдата во Република Македонија