
Соопштение за јавност на ГРОМ:
За да има катна гаража – прво требаше да има советници што гласаат „ЗА”. Но наместо тоа, гледавме четири години чист ИНАEТ. Наместо да мислат на граѓаните, советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа „ПРОТИВ” за сè што значи напредок на Карпош.
Тие гласаа против да се доделат средства на Лајка за да ги заловува бездомните кучиња, против наставниците во училиштата и негувателките во градинките да земат плата, против вработување на квалитетни правници во општината, гласаа против граѓаните кој што живеат околу Сити мол за да можат да ги паркираат своите возила внатре во молот. Своите куќи ги легализираа, а беа против останатите граѓани да го остварат своето право.
Во Сараево постои „Инат куќа”, а во Македонија постои „Инат Партија” – тоа е ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски.
Катните гаражи не паѓаат од небо – тие се носат со одлука на Советот. А Советниците на ВМРО ДПМНЕ гласаа против.
За ова постојат видео записи како токму тие гласаат против. Тоа е факт кој никој не може да го побие.
И наместо денес бесрамно да напаѓаат, чесно ќе беше да се сокријат – бидејќи граѓаните знаат точно кој ја блокираше изградбата на катните гаражи. Така беа блокирани клучни проекти за паркирањето во Лептокрија, Карпош 1 и Млечен.
Затоа граѓаните на Карпош не сакаат луѓе кои се водат од инает и блокираат, туку сакаат градоначалник и тим кој предлага решенија и гради проекти за Карпош.
Во оваа битка нема место за лицемерие. Катните гаражи ќе ги има – но само ако граѓаните изберат одговорност наместо инат, работа наместо блокади, визија наместо празни обвинувања.
Затоа во Карпош ВМРО-ДПМНЕ т.е. „ИНАТ партијата” е дел од проблемот, а не е решение. Граѓаните на Капош на 19 октомври ќе се ослободат од наездата на Христијан Мицковски и неговата ИНАТ дружина