
Соопштение на ГРОМ:
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на Советот на Општина Карпош на која се гласаше ребаланс на Буџетот заради потребата да се вклопат одобрените проекти финансирани со унгарскиот кредит. Разбирајќи ја важноста и бенефитот што карпошани ќе го имаат од реализацијата на овие проекти некои советници се вратија од годишен одмор, со што покажаа зрелост и одговорност не само кон општината во која живеат туку и кон своите сограѓани.
По којзнае кој пат, сите ние доживуваме непријатност од односот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие не гласаа за многу битни проекти потребни на граѓаните на општината, а особено за најмладите жители.
Замислете не гласаа за нова градинка во Козле, за нова спортска сала со гледачи во ОУ Братство и за нова спортска сала во ОУ Димо Хаџи Димов. Не гласаа ниту за реконструкции на улици во Тафталиџе, во Карпош 2, во Бардовци и на други делов од општината. До каде оди нивниот инает, деструкција и заслепеност, покажува фактот што сите овие проекти се одобрени токму од нивните министри и од нивната влада, како издржани и потребни за карпошани. Значи, сите доставени проекти ни беа одобрени. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Адријана Јакимовски Панчевска, Предраг Станковски, Убавица Игнатоска, Благица Цветановска и Давор Грче не гласаа, (Христо Саракинов и Дејан Лазаревски беа на одмор) за подобрување на животот на граѓаните, дури и кога за тоа се сложува и го одобрува нивната влада и нивните министри.
Она што е најбитно да се знае е дека ни еден од овие дваесет и пет проекти не е предложен од член на совет на ВМРО ДПМНЕ што е нивна пракса за сите овие три и пол години инаку, нивни најголем дострел во предлагање на насушни проекти за граѓаните е да се постави сферно огледало во Бардовци, да се постави сообраќаен знак и да се направат нови гробишта во населено место помеѓу куќи! А, се извинувам, еднаш дури предложија и катна гаража, во населено место каде нема урбанистички план и не можеме да направиме проект, а истиот тој план тие одбиваат да го гласаат. Толку од нивната креативност, грижа за граѓаните и можам да заклучам дека овој мандат го крунисаа со не гласање дури и на проекти одобрени од нивната влада, вредни над 8 милиони евра.
П.С. Инаку, по триесет илјади денари паушал земаат секој месец, како награда за инаетот, ама и тој не им даде резултат.
П.С. Посебно сакам да се заблагодарам на советниците кои беа на висина на својата задача и се вратија од годишен одмор само да го поддржат развојот на општината и да го подобрат животот на граѓаните, а посебно на децата од предучилишно и училишно образование, како и на советниците на Левица, независните, на СДСМ и на ГРОМ.