Skip to main content
Хроника

Гром опожари куќа во центарот на Велес

22/05/2025  12:19

Во Територијалната противпожарна единица во Велес синоќа во 20.35 часот имало дојава за пожар на куќа од удар на  гром на улица „Крали Марко“ бр. 17 во стариот дел од градот попознат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на градот.

Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21.55 часот.

За среќа, нема повредени лица.