Skip to main content
Скопје

ГРОМ: Напад врз стопанството и училиштата – Карпош под притисок од ВМРО-ДПМНЕ

22/08/2025  15:18

Соопштение за јавност на партијата ГРОМ:

Деновиве, стопанствениците и директорките на градинките и основните училишта, најдрско се нападнати од кандидатот за градоначалник на општина Карпош, г-динот Лукровски, со наводна покана за разговор и подобрување на бизнис климата во општината.

Ова е форма на досега непрактикуван притисок врз стопанствениците и директорките на јавните установи, иако на сите ни е јасно дека целта на средбата не е разговор за бизнис климата, туку пребројување на покорниците. Неразбирливо е како децата од градинките и училиштата ќе влијаат на бизнисот, но уште почудно е како Христијан Мицковски, не му објаснил на својот другар дека ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, е политичка партија. Таа е правно лице, но е регистрирана како здружение на граѓани и е непрофитна организација. Би требало да му објасни на својот кандидат дека политичките партии не се фирми и дека ваквата покана до нашата партија е грубо незнаење.

Се обидуваме да имаме разбирање за несоодветната покана на г-дин Лукровски , затоа што токму партијата на која тој и припаѓа, фукнционира клиентелистички и се третира како профитен центар за сите оние што во изминатиов период, во име на партиотизмот, купија дипломи и јаваат на крилјата на четирите свети букви, заменувајќи го патриотизмот со лукративни потреби.

Обидот да се изврши пребројување и притисок врз фирмите и установите од страна на партијата на власт е можен, но се закон е недозволив. А што се однесува до ГРОМ– Граѓанска опција за Македонија, од притисоците на Христијан Мицковски и неговите другари, одамна сме имунизирани.