На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец кон Гевгелија, патничко возило „мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од И.Е.(62) од Р.Грција излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, констатирани во Општата болница Гевгелија, информира МВР.