Skip to main content
Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан

17/12/2025  18:13

Грција цврсто го поддржува проширувањето на ЕУ, гледајќи го како инвестиција во безбедноста и стабилноста во регионот. Од грчката влада нагласуваат дека процесот зависи од постигнувањата на секоја земја-кандидат, бидејќи станува збор за комплексен пат кој бара реформи и усогласување со условите на пристапниот процес, јави дописничката на МИА од Атина, во пресрет на учеството на премиерот Кирјакос Мицотакис на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Во однос на Западен Балкан, позицијата на Грција е дека иднината на регионот е во ЕУ, поддржувајќи ја европската перспектива доколку се исполнуваат условите, особено добрососедските односи и почитувањето на обврзувачките меѓународни договори. Грчките владини извори истакнуваат дека на утрешниот Самит ќе се дискутираат последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјата за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, проширувањето на ЕУ, како и теми поврзани со гео-економијата и конкурентноста.