Skip to main content
Балкан

Грција и Германија разбија мрежа за трговија со кокаин скриен во камиони од Бугарија

01/09/2025  17:52

Грчката и германската полиција разбија криминална мрежа за трговија со кокаин, скриен во камиони регистрирани главно во Бугарија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Двајца осомничени членови на мрежата се уапсени во Грција, а тројца во Германија минатата недела. Други осомничени остануваат на слобода во Шпанија и Германија.

Профитот на групата се проценува на над пет милиони евра, пренесува БТА.

Наркотиците биле криени во камиони за меѓународен транспорт на стоки или во возила што легално влегувале во Шпанија за да се снабдат со дрога. Камионите, главно регистрирани во Бугарија за компании со грчки интереси, биле управувани од грчки и бугарски возачи.

Во последните денови се запленети над 300 килограми кокаин во Грција и Германија.

Операцијата следувала по истрага иницирана од американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА).