
Блокадата од грчките земјоделци продолжува и денес. Веќе четири дена грчките земјоделци со трактори го блокираат граничниот премин ,,Евзони”.
Блокадата започна кусо по 13 часот по локално време, а непознато е колку време ќе трае блокадата.
Грчките земјоделци традиционално не ги најавуваат своите блокади. Тракторите остануваат паркирани на премините, а на дневни состаноци одлучуваат кога и колку долго ќе го прекинуваат сообраќајот. Истата практика продолжува и сега: покрај „Евзони“, привремени блокади денеска имаше и на преминот „Ники“ кај Лерин, како и на „Промахонас“ кон Бугарија и на „Кипи“ кон Турција, каде што не се пропуштаат камиони.
На повеќе локации земјоделците дури поставија новогодишни елки, симболична порака дека се спремни да протестираат и за празниците.
Протестите почнаа во неделата и се најавува нивно постепено засилување до 5 декември, без најава кога би можеле да завршат.
