
Автомобил во сопственост на фирма од Чешка, кој бил паркиран во скопската населба Мичурин 20 дена, бил украден, а случајот во полиција го пријавил 70-годишен грчки државјанин, соопшти МВР.
Според пријавата, во автомобилот имало и пари, компјутер и други предмети.
На 22.04.2025 во 10:45 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(70) од Република Грција пријавил дека во периодот од 02.04.2025 до 09.00 часот на 22.04.2025 од паркинг на улицата „Анастас Митрев“ во Скопје било одземено патничко возило „фолксваген“ со чешки национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Чешка, во кое имало пари, компјутер и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.