
Дванаесет лица се уапсени денеска во голема полициска акција во Атина, насочена против членови на спортски навивачки организации кои биле вклучени во трговија со дрога, вклучително и во спортски објекти, јави грчката државна телевизија ЕРТ.
Акцијата ја спровела Дирекцијата за борба против организиран криминал, а цел била разбивање на две криминални групи. Според информациите, уапсените се навивачи на атински клуб, но не се наведува кој.
Покрај за трговија со дрога, осомничените се товарат и за други кривични дела – нанесување телесни повреди, закани, поставување експлозивни направи, како и прекршувања поврзани со спортското законодавство.
Во текот на акцијата, која и понатаму продолжува, се запленети наркотични супстанци.