Skip to main content
Култура

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

11/06/2025  11:32

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар “Црноморски звуци” кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната “Гран при” награда.

Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници.

Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски. Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и Град Скопје.

Женскиот младински хор при МКЦ продолжува со концерти во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово.