
Вечерва транзитниот пат во Струмица, во близина на Ромското маало, беше блокиран од група граѓани кои јавно го искажаа својот револт поради казните што Министерството за внатрешни работи ги изрекува со новиот закон за прекршоци во сообраќајот. Дел од учесниците протестот го пренесуваа во живо на социјалните мрежи, упатувајќи критики кон новиот режим на санкционирање.
Граѓаните запалија гуми на коловозот, поради што во овој дел од градот беа забележливи чад и оган. Инцидентот дополнително го влоши квалитетот на воздухот проблем со кој Струмица подолг период се соочува.
Слични собири и реакции вечерва се регистрирани и во други градови низ земјава. На терен интервенираат екипи на СВР Струмица и Територијалната противпожарна единица, кои преземаат мерки за нормализирање на сообраќајот и гаснење на огнот.

