Skip to main content
Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф

13/08/2025  21:37

Приватната фирма која изнајмувала машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла, објавија денеска активистите за спас на Дошница.

„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, велат од групата „Спас на Дошница“.

„Но, битката не е завршена. Сега гледаме право во очи на ЈЕС ДООЕЛ – Хидро Дошница:

Повлечете се, или народот ќе ве повлече! Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола! Државата не е ваша приватна играчка, реките не се ваша стока, а народот не е ваше робје.

НИЕ НЕ СЕ ТРГНУВАМЕ, НИТУ ОТСТАПУВАМЕ.

Ќе стоиме ДО КРАЈ, со глас, со тело и со срце!

Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа“ стои во објавата.