Skip to main content
Скопје

Граѓаните за првпат се собраа на протест да разговараат за безбедноста во Скопје

09/02/2025  14:58

Иако во помал број граѓаните денес уште еднаш се собраа и ја затворија една од најважните раскрсници во Скопје, раскрсницата пред Зоолошката градина во знак на револт поради небезбедноста пред се во сообраќајот во главниот град.

На овој начин денес се одржа првиот форум организиран од граѓанската група “Кој е следен” создадена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена на Партизанска од Васил Јованов кој возел во алкохолизирана состојба, со брзина многу поголема од препишаната и без возачка дозвола.

Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност.

На денешниот форум имаше тројца говорници кои зборуваа за повеќе аспекти од кои Скопје како град е небезбеден и дадоа неколку предлози како би се решил проблемот.

Граѓаните запрашаа што е сменето во овие 10 години, побараа да се стави во функција “Сејф сити (Безбеден град)”, односно да властите да почнат со казнување преку сообраќајните камери во градот како и да има посериозни казни за сторителите. Им порачаа на властите да не собираат поени од вакви кревки прашања, затоа шро додека тие собираат поими фраѓаните го губат животот. Исто така побараа и секој булевар кој во моментов се реконструира или изведува да се изведе со коловозни ленто од 3 метри широчина. Партизанска и секој друг булевар да се редизајнира со потесни ленти за при наредни ленти. По една лента да се намени за јавен превиоз и да се издвои простор за пешаците, и така натаму.

Меѓу другото како решение за сообраќајниот хаос беше спомената и потребата од проширување на јавниот превоз, односно проработување на железницата како градски јавен превоз за кое како што рекоа има изводливо решение и можност за имплементирање во наредните четири години доколку има желба од страна на властите во државава.

Н.Ј.