Skip to main content
Македонија

Граѓаните се вклучија во крводарителска акција за Тоше Проески

25/01/2026  19:39

Традиционална крводарителска акција на Црвениот крст на градот Скопје се одржа денеска во чест на Тоше Проески. Истата започна во 9 часот утринава во холот домот на АРМ.

Акцијата траеше до 17:00 часот и се организираше во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.

Оваа традиционална активност секоја година собира голем број граѓани, особено млади.