Skip to main content
Свет

Граѓаните на Грција масовно сметаат дека корупцијата е широко распространета

09/12/2025  16:30

Според анкетата на „Палмос Аналисис“ за перцепцијата на корупцијата, осум од 10 Грци (83%) сметаат дека во Грција корупцијата постои во голема или прилично голема мера.

Повеќе од една третина од анкетираните изјавиле дека се соочиле со корупција во последните 12 месеци. Резултатите, спроведени за Националниот орган за транспарентност (НТА), покажуваат дека мнозинството млади до 24 години не ја толерираат корупцијата, додека само три проценти од Грците веруваат дека таа воопшто не постои или е во мала мера. Исто така, 64% од испитаниците со магистерски или докторски степен сметаат дека корупцијата во Грција постои во многу голема мера, објави „Катимерини“.