Skip to main content
Македонија

(Видео) Граѓанин на собирот во Скопје: Корупцијата е врежана насекаде, младите мора да го сменат системот

18/03/2025  19:45

„Имам многу едноставна порака, а тоа е дека треба да го искорениме овој систем на корупција“ рече млад скопјанец по денешниот собир на плоштадот во Скопје.

Тој додаде дека самото однесување и на народот ја храни корупцијата и затоа системот во целост треба да се промени.

На собирот во Скопје присуствуваа илјадници граѓани кои оддадоа почит за загинатите во Кочани и испратија порака дека мора да има целосна одговорност од сите кои придонеле за ваква катастрофа.