Skip to main content
Uncategorized

Граѓани на социјалните мрежи изразија силен револт кон Мицкоски по трагедијата во Кочани

16/03/2025  19:23

Христијан Мицкоски попладнево одржа прес конференција за синоќешната трагедија во Кочани каде загинаа најмалку 59 главно млади лица.

Но, граѓаните кои на социјалните мрежи ја следеа неговата прес конференција својот револт го споделуваа во коментари под видеото.

Огромен дел од граѓаните на социјалните мрежи повикуваа Мицкоски да си даде оставка.

Други пак пишуваат дека цел ден се криел од јавноста, а дел му забележуваа на реториката па го потсетуваа дека не е на партиски митинг.

Освен сериозна доза на драматичност и флоскули, Мицкоски на прес конференцијата не кажа ништо ново во однос на она што министрите и другите државни функционери го кажуваа во текот на денот.