
Страшната несреќа што се случи синоќа во Кочани каде во пожар во дискотека загинаа 59 лица а над 150 беа повредени силно одекна во регионот но и во светот.
Пораки со сочувство стигнаа од важни регионални и европски центри, како и од ЕУ и НАТО.
Но речиси 20 часа од несреќата „таткото“ на градот во кој се случи трагедијата се уште се нема појавено во јавноста.
Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани се уште се нема огласено ниту јавно ниту писмени за трагедијата што се случи синоќа и во која беа погодени стотици семејства на негови сограѓани.
Папазов во текот на денот за еден медиум најави дека ќе излезе на прес-конференција, но тоа до овој момент се уште се нема случено.