Skip to main content
Македонија

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, се приклучи на протестот на кој се побара правда за смртта на младата Фросина

02/02/2025  17:20

Денеска точно на пладне во Кавадарци се одржа протест на кој се побара правда за смртта на младата Фросина.

Меѓу присутните на протестот, беше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Искрено сочувство до семејството на Фросина Кулакова од градоначалникот Митко Јанчев, кој присуствуваше на денешниот протест во Кавадарци. Тој исто така се придружи кон барањата на присутните за правда и одговорност за смртта на младата Фросина“, стои во објавата на ФБ.