Skip to main content
Скопје

Град со големина на лешник и силно невреме го зафати и Скопје (ВИДЕО)

06/06/2025  19:03

Невреме со силен ветер, дожд и град со големина на лешник го зафати и главниот град Скопје предмалку.

Топлото време за кратко премина во силно невреме кое е распространето речиси во сите делови од градот.

Улиците веќе се претворија во мали реки, а апелираме со граѓаните кои на ова време ќе се најдат надвор веднаш да се засолнат и да не стојат под осамени дрва и на отворено.