
Соопштение за јавност на Град Скопје:
ВМРО-ДПМНЕ кога обвинува за недостаток на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски од МВР се фатени за диви приклучоци на мрежата на ЈП Водовод и канализација во Шуто Оризари и за истите МВР по службена должност нема поднесено кривична пријава за кражба.
Исто и на дивоградбата каде беше физички нападната градоначалничката Данела Арсовска, беше утврден див незаконски приклучок на вода, а Панче Тошковски дозволува таму да се продолжи со градба и се стави во одбрана на насилникот Сулејман Љамалари.
Во услови на рекордна потрошувачка од 356.000 м³ дневно и во просек по фатени и спречени 30 нови диви приклучоци секој ден, некој се уште глуми политички загриженост. Додека едни крадат вода и не плаќаат ни денар, граѓаните кои чесно си плаќаат, трпат поради пад на системот.
Потрошувачката на вода овој месец достигна рекордни 356.000 м³ на ден, што значи дури 700 литри дневно по глава на жител, највисоко ниво досега.
Само во последниве денови, дневно се откриваат по 30 нови диви приклучоци низ Скопје, бројка која постојано расте.
Одговорноста е јасна. Проблемот не е водата, проблемот се оние што ја добиваат џабе и институциите што ги штитат.