Skip to main content
Скопје

Град Скопје подготвува стратегија за безбеден сообраќај

24/12/2025  17:58

Град Скопје започнува со подготовка на Градска стратегија за безбеден сообраќај, во согласност со програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Стратегијата ќе се темели на концептот „Визија 0“ и ќе опфати повеќегодишни мерки и планови за периодот 2026–2030, со цел намалување на сообраќајните незгоди и жртви, со посебен акцент на безбедноста на децата. Планирано е документот да вклучи активности за подобрување на инфраструктурата, едукација, контрола и анализа на сообраќајните незгоди, како и конкретни цели по фази.