Skip to main content
Балкан

Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

06/02/2025  20:02

Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.

Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.

Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.

Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.