Skip to main content
Балкан

ГП ,,Евзони” повторно ќе биде затворен

04/01/2026  09:57

Грчките земјоделци од денеска повторно со блокади на граничниот премин Евзони, што ќе предизвика сериозни проблеми за сообраќајот меѓу Северна Македонија и Грција.

Преминот Евзони ќе биде целосно затворен за влез и излез на сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време, што директно ќе ги погоди патниците, транспортните компании и туристите.

Земјоделците најавуваат дека протестите ќе продолжат и во наредните денови доколку не добијат конкретни одговори и решенија од владата.