Skip to main content
Балкан

ГП ,,Евзони” е блокиран за секаков вид сообраќај

27/12/2025  19:42

ГП ,,Евзони” е блокиран од 17:10 часот за секаков вид на сообраќај за влез и излез од Грција.

Грчките земјоделци денеска на четири часа го затворија граничниот премин за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне најавија втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.