
Граничниот премин ,,Богородица”‘ повторно е затворен за сообраќај. Од 17:30 поради штрајк на земјоделци, преминот е блокиран за сите возила. Oвој граничен премин неколку дена во различни интервали од денот е блокиран за сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


