Skip to main content
Хроника

Гостиварец позајмил автомобил од свој братучед па потоа го продал

17/02/2026  12:18

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „затајување”.

На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф” од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.