Skip to main content
Хроника

Гостиварец на сила сакал да ја земе малолетната ќерка над која нема старателство

28/03/2025  12:19

Гостиварец со употреба на сила се обидел да ја земе малолетната ќерка, за која старателството било дадено на поранешната сопруга.

„На 27.03.2025 во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К.(36) од Гостивар. Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата поранешна сопруга, нејзината мајка и нејзиниот партнер, а потоа со употреба на сила се обидел да ја земе неговата малолетна ќерка, за која старателството било дадено на поранешната сопруга“, информираат од СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.