
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот Н.С. од Гостивар поради сторена измама со продажба на стан.
„На 27.12.2017, првопријавениот – сопственик на второпријавеното правно лице, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со правно лице од Гостивар. Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар, а претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека е променeта бравата и дека станот е опремен за живеење“., информираат од МВР.