
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска до 12:00 часот, има вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 5 се под контрола.

Активни се пожарите во општина Василево, село Нивичино (нискостеблеста шума), во општина Аеродром – гори ниска вегетација на ул. Гаврил Константиновиќ, во општина Гази Баба – Стрелиште Камник (ниска вегетација) и во општина Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација
Гори и во општина Прилеп – Кавадарци, помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш (ниска вегетација и ретка шума).
Надлежните информираат дека под контрола е пожарот во скопски Илинден, во село Мршавци каде гори ниска вегетација.
Општина Велес: Кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, со еден крак кон Иванковци и втор крак кон Крушје, гори мешана шума.
Општина Дојран: Во село Николич гори нискостеблеста шума.
Општина Демир Хисар: На градската депонија пожарот е под контрола.
Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Општина Илинден: Во село Мршевци пожарот на ниска вегетација е ставен под контрола.