
Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа веднаш до хотелот Њу Стар и е запалена на повеќе места, пишува Мета.
Според командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески, пожарникарите интервенираат од три часот утринава и со оглед на големината на депонијата, сè уште се борат пожарот да го стават под контрола. Во моментов на терен се четири возила.
Според информации од Центарот за управување со кризи, денеска во Скопје има уште еден пожар, пријавен на улицата „Скупи“, каде се горат кабли, а огнот се проширил и на сувата трева во околината.