Skip to main content
Хроника

Гори барака во Скопје на улица „Самоилова“

01/05/2025  15:56

Пожар избувнал во барака на ул. „Самоилова“ бр. 30 во Скопје, а информацијата била пријавена преку бројот за итни повици 112. На терен веднаш интервенирале екипи на Бригадата за Противпожарна Заштита (БППЗ) на Град Скопје, кои ги преземаат сите потребни мерки за гаснење на пожарот.

Во моментов се преземаат активности за обезбедување на теренот.