Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Започнува јавната набавка за скопскиот Луна парк

12/12/2025  17:09

Скопје добива нов Луна парк. Градоначалникот на Скопје извести дека започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на забавниот комплекс.

Според најавите, новиот Луна парк ќе биде изграден според европски стандарди. Луна паркот ќе содржи ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и современи системи за безбедност. Ќе биде целосно прилагоден и за лица со попреченост.

На просторот од 84.000 квадратни метри ќе бидат сместени и зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница и „среќна лулашка“ се дел од реквизитите што ќе го збогатат изгледот и туристичкиот имиџ на Скопје.

„Како што ветив – најдоброто доаѓа. Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток и едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“, порача Ѓорѓиевски.