Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци

07/04/2026  11:51

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната опрема.

– Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци. Паркот го оплеменуваме и со нови дрвја, создавајќи похумана и позелена средина за сите. Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации, напиша градоначалникот.