
Со порака за духовна радост, заедништво и христијанска љубов, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на светата литургија по повод големиот христијански празник Света Петка. Богослужбата во црквата „Св. Петка“ ја водеше поглаварот на Македонската православна црква – г.г. Стефан.
„Со огромна радост и духовна исполнетост денес сме тука, во светиот храм, каде што чувствуваме мир, љубов и сплотеност меѓу верниците. Црквата нè учи дека кога сме заедно, во вера и љубов, сме непобедлива сила,“ изјави Ѓорѓиевски. Тој додаде дека кога срцето е исполнето со Христовата љубов, секој ден е празник, а секое дело – благослов.
„Нека е за многу години Света Петка! Среќна слава и име на сите кои денес празнуваат. Нека молитвите на светата маченица нè чуваат, заштитуваат и водат по патот на спасението,“ порача градоначалникот во честитката до верниците.
По литургијата, Ѓорѓиевски се упати и во Гази Баба, каде заедно со верниците од Црешево го одбележаа празникот Света Петка – духовен светилник и патрон на манастирот, место каде што, како што истакна, душата наоѓа мир, а срцето се исполнува со љубов.
Тој изрази искрена благодарност до градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, за поканата и честа да биде дел од свеченото одбележување, додавајќи: „Нека молитвите на Светата маченица нè чуваат, заштитуваат и водат сите нас по патот на добрината, љубовта и спасението.“