
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, во своето гостување „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ најпрво зборуваше каква општина наследил каде се осврна на огромниот финансиски дефицит, лоша патна инфраструктура, лоши услови во училиштата и немањето место каде младите може да спортуваат.
-Малку се зборува за тоа што наследивме како општината бидејќи морам да истакнам дека нивото на општината е сериозно подигнато од моментот кога ја преземавме со администрирање. Она што го наследивме првенствено беше огромен финансиски дефицит, над три и пол милиони евра долгови во општината, целата патна инфраструктура беше во катастрофална лоша состојба во било која од населбите на општината, над четиристотини деца беа на листата на чекање во градинките, училиштата беа во катастрофални лоши услови. И нешто што многу често го говорев во тоа време речиси и да немаше место каде младите може да спортуваат во минатото, салите кои што беа останати беа во катастрофално лоша состојба. Исто така во Кисела Вода немаше ниту еден парк каде што можат од најмладите до највозрасните да го поминат своето слободно време. Горд сум на она кое што го постигнавме изминативе, повеќе од три и пол години откога ја водам Кисела Вода. Успеавме од една општина на маргините која што беше во минатото да бидеме денес пример и да се зборува за нас во суперлатив, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски во текот на своето гостување акцент стави на спортската сала Расадник кој претставува еден од неговите позначајните проекти.
-Ако зборуваме за еден од подрагите проекти кој што го одбележал моето време од четири години, би го споменал и бисерот на Кисела Вода, тоа е салата Расадник која што е во напредна фаза, каде што има интензивни градежни активности која што до крајот на мојот мандат треба да служи за место каде што ќе се врати ракометниот клуб Вардар, каде практично е нивниот дом односно ракометниот клуб „Вардар“ своите почетоци ги има започнато токму во салата Расадник, кажа тој.
Градоначалникот Ѓорѓиевски се осврна и на неговите приоритети во изборната кампања кои веќе се реализирани меѓу кои најважна е подземната инфраструктура.
-Суштински, за мене најважно беше да ја завршиме подземната инфраструктура. Тоа се проблеми кои беа наследени каде не се посветило многу внимание и граѓаните ги немаа основните хумани услови. Тоа го ветив во предизборието и практично со населбата Стаклара во моментот завршуваме со последното населено место кое што треба да биде покриено со подземна инсталација, таму фекалната канализација ја завршивме. Сега благодарение на Владата, благодарение на Министерството за животна средина потпишан е договорот за водоводната мрежа и со тоа практично го завршуваме циклусот на подземната инфраструктура односно инвестирање под земја. Изминативе три и пол години вложивме огромни средства на тоа поле, укажа тој.
На крај градоначалникот Ѓорѓиевски се насочи на тоа што може да очекуваат граѓаните до крајот на неговиот мандат каде наброи дел од проектите и тоа:
-Првенствено нема да има населено место со несредена патна инфраструктура, тоа е важно. Кога веќе подземната инфраструктура ја завршивме, патната инфраструктура треба да е довршена и тоа ќе биде еден од проектите кои ќе ги дореализираме до крајот на мојот мандат. Имаме неколку отпочнати проекти за градинките кои треба да ги довршиме во наредниот период. Градиме ново ултра модерно училиште во Драчево, по сите стандарди. Дополнително ги прошируваме и започнавме со градежни активности ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. За многу скоро започнуваме и со проширување на „Невена Ѓорѓиева Дуња“. Спроведовме проект на фотоволтаици на сите училишта во Кисела Вода, а сега сме во фаза на примпрема за сите градинки да добијат фотоволтаици. За прв пат откако сум јас градоначалник, за социјално-ранливите категории, еднородителските семејства и сите талентирани ученици но и спортисти ги испраќаме на камп, тоа го финансира општината, односно помагаме да го искористат летниот распуст за одмор, дополни тој.